• сабота, 21 јуни 2025

Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“

Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“

Штип, 17 мај 2025 (МИА) – На шеталиштето во Штип денеска почна фестивалот на храна „Shtip Street Food Festival“ на кој сите штандови нудат богат избор на храна од светската кујна, разни пијалаци и вкусни десерти, во атмосфера збогатена со добра музика и позитивна енергија.

Настанот, кој има за цел да го збогати културно-туристичкиот живот во градот, привлече голем број посетители уште во првите часови.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека е среќен што временските услови дозволија настанот да се реализира според планираното.

-Навистина ми е драго што временските прилики ни дозволија  конечно да започне најавениот ивент ,,Shtip Street food Festival” на шеталиштето „Ванчо Прќе“ каде денеска и утре ќе биде изложена добра храна. Настанот нема да биде единствен, кој ќе ги анимира штипјани, Штипско Културно лето има богата програма, Д фестивалот, Пастрмалијадата како еден добар настан, Макфест, рече Јорданов

Граѓаните велат дека конечно се случува нешто убаво после несаканите настани, нешто што го обединува градот. Фестивалот продолжува и во наредните денови, со музика, нови вкусови и програма што ќе го збогати градскиот живот. вдј/вј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан