• вторник, 24 декември 2024

Во Штип излезноста до 17 часот е над 48 отсто на двојните избори

Во Штип излезноста до 17 часот е над 48 отсто на двојните избори

Штип, 8 мај 2024 (МИА) - Во општините Штип, Карбинци, Пробиштип и Свети Николе гласањето попладнево се одвива мирно и без приговори кон општинските изборни комисии.

Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев истакна дека на 74 избирачки места во Штип за на претседателските избори излезноста е 48,13, а на парламентарните избори е 48,09 отсто од вкупниот број на избирачи.

Гласачките места се затвораат во 19 часот, а од 17 часот веќе има и поголема излезност, односно граѓаните го користат своето право на глас на двојните избори. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан