• понеделник, 23 декември 2024

Во штипско Ново Село се менува колекторската цевка

Во штипско Ново Село се менува колекторската цевка

Штип, 10 јануари 2024 (МИА) - Почнаа градежните активности за промена на колекторската цевка во штипската населба Ново Село, која според жителите претставуваше долгогодишен проблем и предизвикуваше непријатна миризба.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денеска изврши увид.

- Од денес започнуваат активностите за промена на главната колекторска цевка којашто се протегаше на мостот во Ново Село, на локацијата каде што се фрла светиот крст во водите на река Брегалница. Еве, пред Водици, по долгогодишно барање на жителите на Ново Село, долгогодишен проблем, конечно, се решава. Очекувам во наредните денови да се изврши замена на главната колекторска цевка и со тоа да се реши долгогодишниот проблем, вели Јорданов.

Забележа дека овој период е најдобар за решавање на проблемот зашто на празникот Водици токму на ова место се положува крстот во река Брегалница. Додаде дека до празникот активностите ќе бидат завршени.

 - Да, очекувам до крајот на оваа недела да се изврши промената на главната колекторска цевка и да се реши долгогодишниот проблем, рече Јорданов.

Општина Штип за реализација на овој проект инвестира околу два милиони денари. вдј/мд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан