• сабота, 23 ноември 2024

Во штипскиот регион последните денови секој втор од тестираните е позитивен на коронавирусот

Во штипскиот регион последните денови секој втор од тестираните е позитивен на коронавирусот

Штип, 1 февруари 2022 (МИА) - Во штипскиот регион бројката на активни случаи со коронавирусот е над 200. Директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека бројката на активни случаи не е висока во споредба со одредени градови во земјава.

Но, нивните анализи покажуваат дека изминатите три до четири дена 50 отсто од тестирани се позитивни на вирусот. Во штипскиот пункт дневно се тестираат околу 40 граѓани, според ова секој втор тестиран е позитивен на коронавирсот.

Податоците покажуваат дека најголем број од заразените се над 60 години, а имаат спорадични случаи од помладата популација.

Портпаролот на Клиничка болница во Штип, Марина Шуманска во здравствениот билтен информира дека во Инфективното одделение хоспитализирани се 50 пациенти, а на Кожното одделение со полесна клиничка слика се шестмина пациенти. Во дневната амбуланта прегледани се 34, а едно лице од Свети Николе на возраст од 59 години ја загуби битката со вирусот.вдј/бт/

Остани поврзан