• среда, 25 декември 2024

Во штипска Физикална ќе се реконструираат тоалетите

Во штипска Физикална ќе се реконструираат тоалетите

Штип, 3 ноември 2023 (МИА) - Потребни се поголеми инфраструктурни зафати особено на зградата на физикална терапија, а во градежните активности, односно во инвестиција  треба да се вклучи Министерството за здравство, истакна денеска директорот на Клиничка болница - Штип, доктор Ален Ѓеорѓијев. Деновиве беа објавени и видео снимки на социјалните мрежи од тоалетите  во Физикална терапија во „Кежовица“.

Ѓеорѓијев истакна дека во тек е тендерска постапка за нивна санација. Како што посочи главен акцент се става на неопходните работи во болницата, како кадар, греење, храна. Зградата на физикална вели е голем залак за болницата и буџетот со кој располага.

-Тоалетите кои се во план да се реализираат во декември, ќе ни заврши тендерот за техничко работење. И објектот на физикална медицина како и целата болница знаете дека е повеќе од половина век стар. Бидејќи се гради нова болница нашиот акцент е ставен на кадарот и на оние работи кои се неопходни за работа, еве, нови апарати, лекови, нафта, греење и слично, вели Ѓеорѓијев.

Дополнително за лифотот во болницата кој е стар повеќе од половина век не може да се поправа, а според пресметките и добавувачот  за нов се потребни 70.000 евра. Ѓеорѓијев истакна дека  на овој сериозен зафат може да работат  наредната година и со тоа лифотот да се стави во употреба.

-Не се работи за дефект на лифтот бидејќи оние сервисери кои дојдоа рекоа дека тој лифт е премногу стар и веќе никакви поправки и ситни работи не можат да го стават во функција, туку треба комплетно да се направи ноф лифт со нова кабина. Ни дадоа понуда, цената на чинење е над 70.000 евра, оваа година не, ама сметам дека наредната година и тоа ќе го ставиме во план, рече  Ѓеорѓијев.

Во меѓувреме, од претходниот петок во функција е ставена магнетна резонанца која не работеше подолг временски период. вдј/

Фото:МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан