Во штипската Библиотека почна зимската школа за учениците
- Во Националната Установа Универзитетска Библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“-Штип од денеска започна седмата по ред зимска школа за учениците. Вилма Јованова вработена во НУУБ „Гоце Делчев“-Штип изјави дека за учество во зимската школа се пријавени 40 дечиња од основните училишта во Штип. Целта е учениците преку забава да се едуцираат и рационално да го искористат своето слободно време.
Штип, 14 јануари 2025 (МИА) - Во Националната Установа Универзитетска Библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“-Штип од денеска започна седмата по ред зимска школа за учениците. Вилма Јованова вработена во НУУБ „Гоце Делчев“-Штип изјави дека за учество во зимската школа се пријавени 40 дечиња од основните училишта во Штип. Целта е учениците преку забава да се едуцираат и рационално да го искористат своето слободно време.
-Ќе започнеме со воведување на информации околу самата зимска школа, да се запознаат едни со други и да си кажат некои интересни работи за себе, има и квиз во кој е многу интересен за децата и кој го одговараат. Тоа се знаења за Македонија и за светот, вели Јованова.
Целта на зимската школа е децата за време на распустот времето да го минуваат квалитетно, да другаруваат, но и да научат многу нови работи. Годинава зимската школа ќе биде со активности само во бибиотеката „Гоце Делчев“, а за завршен настан е планирано караоке. -Бидејќи самата школа овозможува забавни, но и едукативни содржини им помага на учениците кои се на распуст и навистина имаат многу слободно време, се пред телевизор или пред компјуте, ќе вклучеме и телефон, но во едукативна смисла. Сакаме да ги тргнеме децата од околината која ги опкружува технологијата дома и да ги воведеме во свет на книгата и забавата. Најголемата придобивка и важност ни е да се дружеме, да научат тимска работа како да работат во групи, да развиваат емпатија едни кон други и да бидат пријатели, изјави Јованова.
Зимската школа е бесплатна и се одржува три дена по ред во периодот од 10 до 13 часот. Акцент се става на читањето книги. вдј/дма/
Фото: МИА