• сабота, 27 јули 2024

Во Шведска покренато обвинение против едно лице поради објавување доверливи информации за одбраната

Во Шведска покренато обвинение против едно лице поради објавување доверливи информации за одбраната

Стокхолм, 11 мај 2023 (МИА) – Обвинителот на Шведска, Ларс Хендвал денеска изјави дека е обвинет 50-годишен маж поради незаконско распространување на класифицирани информации за голем број одбранбени објекти во земјата.

Ова е грубо прекршување, бидејќи информациите се однесуваат на прашања од големо значење за одбраната на земјата. Секое откривање информации на странска сила може сериозно да ја оштети одбраната на скандинавската земја и да ја намали нејзината способност да се брани во случај на војна, истакна Хендвал.

Идентитетот на обвинетиот не е соопштен. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан