Во четврток и петок температури над просекот за овој период од годината
- До петок времето ќе биде стабилно со позначаен пораст на температурата. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, и

Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - До петок времето ќе биде стабилно со позначаен пораст на температурата. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, информираат од УХМР.
Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува силен северен ветер што ќе услови значително заладување. дма/са/