• сабота, 27 јули 2024

Во Чаир ќе бидат поставени посебни контејнери за органски отпад

Во Чаир ќе бидат поставени посебни контејнери за органски отпад

Скопје, 16 јули 2021 (МИА) - Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје во пресрет на празникот Курбан Бајрам во понеделник на територијата на Општина Чаир ќе постави четири специјални контејнери за органски отпад.

Од Општината информираат дека контејнерите ќе бидат поставени кај поранешната локација на „Комунална хигиена“, во близина на ресторанот „Фа-Фа“, кај новата џамија во Чаир и во близина на Теќето во Дуќанџик.

- Бидејќи сме во периодот на високи температури и услови на пандемијата од Ковид-19, доколку отпадот го фрлиме во посебни контејнери, ќе дадеме голем придонес во заштитата на здравјето и зачувувањето на животната средина, се посочува во соопштението на Општина Чаир. бт/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан