• понеделник, 23 декември 2024

Во Цер ќе се одбележат 116 години од смртта на Христо Узунов и неговите соборци

Во Цер ќе се одбележат 116 години од смртта на Христо Узунов и неговите соборци

Кичево, 23 април 2021 (МИА) - Пред споменикот во село Цер, Кичевско утре ќе биде одбележана 116-годишнината од смртта на големиот македонски војвода од времето на Илинден, Христо-Димитров Узунов и неговите соборци.

Пред споменикот на Узунов ќе се поклонат почитувачи на животното дело на големиот војвода, претставници на родниот град Охрид, училиштата кои го носат името на војводата и претставници на МЗ село Цер, каде што се случил овој трагичен настан. Узунов во 1905 година со саможртва, заедно со своите соборци го положија својот живот за да не паднат живи во рацете на многубројниот турски аскер, кој во тоа априлско претпладне ги обиколил во селото Цер.

-Традиционален домаќини на ова одбележување беше училиштето „Христо Узунов“ од село Другово, но поради пандемијата со Ковид-19 учениците од ова училиште, во чест на нивниот патрон изведоа културно-уметничка програма во училишниот двор  Програмата почна со химната за Узунов ,читање литературни творби од учениците посветени на војводата и сл., информира Биљана Ангелеска, директорка на ова училиште.

Поради пандемијата со Ковид-19 годинашното одбележување ќе биде во рамки со протоколите за заштита од коронавирусот, без помасовно собирање на присутните пред споменикот и со задолжително носење на заштитна маска на сите присутни. за/мд/

Остани поврзан