• сабота, 22 февруари 2025

Во храмовите во Битола, Ресен и Демир Хисар се слави Богојавление

Во храмовите во Битола, Ресен и Демир Хисар се слави Богојавление

Битола, 19 јануари 2025 (МИА) - Во црковните храмови во Битола, Ресен и Демир Хисар денеска се слави големиот христијански празник Богојавление, Водици кој според востановената традиција почнува со утринска богослужба, а потоа и со положување на светиот крст во осветените води.

Централната манифестација во преспанско-пелагониската епархија ќе се одржи во црковниот двор на храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, додека во Општина Ресен, светиот крст ќе биде положен во водите на Преспанско Езеро.

На територијата на Општина Демир Хисар се очекува најмасовно да биде во населбата Мургашево каде од мостот на Стара Река ќе биде положен светиот крст, а посебни свечености ќе се одржат и во други населени места. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан