• среда, 25 декември 2024

Во Хавана првпат воведен полициски час поради пандемијата

Во Хавана првпат воведен полициски час поради пандемијата
Хавана, 2 септември 2020 (МИА) - Граѓаните на Хавана, првпат од почетокот на пандемијата, ќе се соочат со полициски час и ќе им биде забрането да патуваат низ земјата, објавија властите во кубанскиот главен град. Полицискиот час ќе трае од 19 до 5 часот, вкупно 15 дена, најави гувернерот на Реиналдо Гарсија Запата и предупреди дека ќе се зголеми износот на казните за сите оние кои не носат маски или консумираат алкохол на јавно место. Во Куба досега се потврдени 3.806 заразени од Ковид-19 и 92 смртни случаи, се наведува во последниот извештај на американскиот универзитет „Џон Хопкинс“. Си-Ен-Ен јави дека властите во Куба се борат против епидемијата, но дека ситуацијата не е целосно под контрола. паг/    

Остани поврзан