• среда, 27 ноември 2024

Во францускиот Парламент ќе се разгледува предлогот за реформа на пензискиот систем, најавени нови протести

Во францускиот Парламент ќе се разгледува предлогот за реформа на пензискиот систем, најавени нови протести

Париз, 6 февруари 2023 (МИА) - Предлогот за реформа на пензискиот систем денеска пристигнува во Долниот дом на францускиот Парламент, каде што ќе го разгледуваат пратениците две недели, додека противниците на реформите и незадоволните граѓани за утре организираат протести и штрајкови.

Попладнево започнува дискусијата во Парламентот и се очекува присуство на сите пратеници.

Пратениците ќе разгледаат околу 20.000 амандмани, од кои 13.000 се од радикалната левица.

Доколку Долниот дом на Парламентот не ја заврши расправата за амандманите до 17 февруари на полноќ, текстот сепак ќе може да помине во Сенатот, соопштија француските власти.

Нови протести и штрајкови се планирани за утре и среда на повик на синдикатите. паг/

Остани поврзан