• сабота, 23 ноември 2024

Во Франција констатирани се недостатоци во сексуалното образование во училиштата

Во Франција констатирани се недостатоци во сексуалното образование во училиштата
Париз, 20 септември 2022 (МИА) - Извештајот од Генералниот инспекторат за образование на француското министерство за образование, укажува на недостатоците во сексуалното образование, јави дописникот на МИА. Во денеска објавениот извештај под наслов „Сексуално образование во училиштата“ се наведува дека „помалку од 15 отсто од учениците имаат корист од три сесии за сексуално образование во текот на учебната година во основните и средните училишта (односно помалку од 20 отсто на факултет)“, додека овие три сесии се предвидени со законот. Во извештајот исто така се посочува дека е сексуалното образование треба јасно да се идентификува, подобро да се структурира и да ја нагласи еднаквост меѓу девојчињата и момчињата и за заштита на децата. Исто така се предлага „да се воведат поимите за сексуално образование во официјалните наставни програми на одредени дисциплини; цврсто да се формализираат три посветени годишни сесии во распоредот на училиштата, колеџите и средните училишта; да се обезбеди систематско информирање на родителите од страна на менаџерските тимови на почетокот на учебната година; да поттикне истражување за сексуалното образование и неговите современи прашања или дури и подобро да ги одобри партнерските здруженија“. Во извештајот се инсистира на обука на наставниците за сексуалното образование. тг/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан