• понеделник, 23 декември 2024

Во ФБиХ полициски час од 21 до пет часот

Во ФБиХ полициски час од 21 до пет часот
Сараево, 23 март 2021 (МИА) - На предлог на Кризниот штаб, Владата на Федерација Босна и Херцеговина издаде наредба со која од утре се ограничува движењето на цела територија на ФБиХ од 21 до шет часот поради Ковид-19. Во следниот период се намалува и дозволениот број на луѓе на отворено и во затврен простор на 20. Ограничувањето ќе важи и за угостителските објекти, освен во Кантонот Сараево, каде е забранета работата на рестораните и кафулињата. Додека театрите и кината ќе можат да работат, а публиката се ограничува на 70 луѓе, со почитување на епидемиолошките мерки. Новите мерки ќе бидат во сила следните 14 дена, а нивното укинување ќе зависи од епидемиолошката состојба. ми/  

Остани поврзан