• четврток, 26 декември 2024

Во Фабриката за вода има доволни количества на вода за пиење, но сепак треба рационално да се користи, апелираат од ЈКП „Дервен“

Во Фабриката за вода има доволни количества на вода за пиење, но сепак треба рационално да се користи, апелираат од ЈКП „Дервен“

Велес, 26 јули 2023 (МИА) - Во Фабриката за вода на Велес, попозната како Филтерстаница, има доволни количества на вода иако деновиве со наглото зголемување на температурите над 40 степени Целзиусови потрошувачката на вода во Велес е зголемена од 189 на 260 литри во секунда.

Како што информираат за МИА од ЈКП„Дервен“, во попладневните и вечерни часови од 17 до 23 часот поради енормно зголемена потрошувачка на вода брзо се трошат резервоарите за вода во високите делови во градот. Затоа  треба време додека водата во нив повторно се надополни со нови количества од Филтерстаницата, па преку препумпните станици да стигне и до потрошувачите во овие високи делови на градот.

Жителите од високите делови на градот секојдневно реагираат до ЈКП „Дервен“ поради намалениот притисок на вода во чешмите, а најчесто во  попладневните и вечерни часови.

Од ЈКП „Дервен“, пак, потенцираат дека вода има во доволни количества, но апелираат до граѓаните за порационално користење на водата за пиење без непотребни трошоци и полевање на дворовите. Целта е  во секое време 24 часа на ден да ја има во доволни количества до сите делови од градот.

Инаку, обилните врнежи од дожд изминатата пролет и на почетокот на летово ја наполнија до максимум акумулацијата на вештачкото езеро од Хидросистемот „Лисиче“ од каде велешани и жителите на околните населени места се снабдуваат со вода за пиење.ад/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан