• среда, 04 декември 2024

Во Уметничката галерија во Куманово изложба „Сеќавања на делата на археолозите Блажо Ѓеорѓиевски, Ленка Трајковска и Јовица Станковски“

Во Уметничката галерија во Куманово изложба „Сеќавања на делата на археолозите Блажо Ѓеорѓиевски, Ленка Трајковска и Јовица Станковски“

Куманово, 3 декември 2024 (МИА) - Националната установа Музеј Куманово вечерва со почеток во 19.30 часот во Уметничката Галерија ја организира изложбата „Сеќавања на делата на археолозите Блажо Ѓеорѓиевски, Ленка Трајковска и Јовица Станковски“, соопштија денеска надлежните од установата.

Станува збор за изложба на фотографии кои се поврзани со животот и работата на три истакнати музејски работници, археолозите Блажо Ѓеорѓиевски, Ленка Трајковска и Јовица Станковски, кои биле дел од вработените во кумановскиот музеј, сега Национална установа Музеј-Куманово. Изложбата е дел од прославата на музејот за 60 години функционирање.

Изложбата ќе биде поставена во уметничка галерија во Куманово до 13-ти овој месец. Во главната сала ќе бидат изложени постерите – форекс таблите, во следнта сала ќе има материјали од тип на книги, каталози, тернски дневници сл., поврзани со личностите од изложбата и во последнта сала ќе има презентација на фотографии поврзани со Јубилејот 60 години од постоење и работа на НУ Музеј-Куамново.

- Изложбата е подготвувана речиси целата 2024-та година, беа прибирани фото материјали, цртежи и други материјали потребни за изложбата. Направена беше обработка на материјалот за изложбата и беа изготвени 48 постери, односно табли во дигитална форма, подоцна отпечатени на форекс подолга. За секоја личност има по 16 парчиња. На различни табли содржани се по повеќе фотографии, поврзани со приватниот живот и професионалниот ангажман на секоја од овие три личности.Инаку изложбата содржи главно фотоматеријал од документацијата на НУ Музеј-Куманово, која во голем дел била создавана со години од сега пензионираниот фотограф Слободан Зафировски. Користени се и фотографии, како и друг материјал, кои се во сопственост на семејствата Георгиевски, Мирчевски, Станковски и Трајковски, како и некои фотографии од Музеј на град Кратово, изјави авторот на изложбата виш кустос-археолог во НУ Музеј-Куманово, Мирослав Петковски.

Сите тројца биле дипломирани историчари на уметност со археологија, кои одлучиле во својот работен ангажман да ѝ се посветат на археологијата.

Блажо Ѓеорѓиевски (1957-1994) е првиот кој започнал со работа во музејот и тој бил и основач на археолошкото одделение. Голем интерес покажувал за локалитетот „Жеглиговски Камен – Костоперска Карпа“, притоа трудејќи да ја оформи целосно сликата за стратиграфијата на локалитетот. Исто така особен интерес покажувал за старите патни комуникации и се занимавал со тоа прашање, кое пред сè било врзано за кумановскиот регион. Покрај релативно краткиот работен век, успеал зад себе да остави дело достојно за почит.

Ленка Трајковска (1951-2009) почитувана меѓу колегите археолози, извонреден теренец и организатор на работата. Член на повеќе стручни екипи по локалитетите во кумановско, но и во земајава Вљубеничка во праисторијата и локалитетот „Градиште“, во село Пелинце. Најголемиот дел од својот работен стаж, Ленка го посветила токму на овој локалитет. Нејзиниот труд оставил длабоки и неизбришливи траги во археолошката работа.

Јовица Станковски (1949-2020) вљубеник во археологијата, но и во природата. Личноста од која започна приказната за Мегалитската опсерваторија „Кокино“ и понатаму се прошири на светско ниво. Добар дел од својот работен стаж во кумановскиот музеј Јовица го посветил на археолошките истражувањата на Кокино, но работел и на други локалитети. Својата истражувачка работа се трудел да ја преточи на хартија, со што значително ја збогатил археолошката научна мисла. ам/цр


Фото: Плакат Музеј
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан