• среда, 21 јануари 2026

Во угостителски објект во кумановско Доброшане, затекнати 15 малолетници

Во угостителски објект во кумановско Доброшане, затекнати 15 малолетници

Куманово, 20 јануари 2025 (МИА) - При контрола во угостителски објект во село Доброшане кумановско, полицијата, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи затекнале 15 малолетници на приватна прослава, од кои единаесет консумирале алкохол, сооопшти денеска СВР Куманово.

-Изминатиот викенд во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 24-годишната М.П. од Куманово и М.В.(41) од кумановското село Љубодраг, кумановско. Полициските службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи извршија контрола во угостителски објект во село Доброшане, кумановско, сопственост на М.П. За време на контролата биле затекнати 15 малолетници на приватна прослава организирана од М.В., од кои кај 11 било утврдено дека консумирале алкохол, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.ам/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан