• понеделник, 22 јули 2024

Во Турција дневниот број на новозаразени над 30 илјади

Во Турција дневниот број на новозаразени над 30 илјади
Анкара, 27 март 2021 (МИА) - Турција регистрираше 30.021 нови случаи на коронавирус во интервал од 24 часа, што е највисока бројка од почетокот на годинава, покажуваат податоците објавени од Министерството за здравство. Мерките за спречување на пандемијата беа олеснети овој месец. Вкупниот број на потврдени случаи од почетокот на пандемијата достигна 3.179,115. Уште 151 лице починаа во последните 24 часа, со што бројот на жртвите достигна 30.923 од почетокот на пандемијата. ссм/

Остани поврзан