Во Турција вкупно над 1.500 смртни случаи од Ковид-19
- Во Турција во изминатите 24 часа починаа 115 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 1.518, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа
Анкара, 15 април 2020 (МИА) - Во Турција во изминатите 24 часа починаа 115 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 1.518, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Тој додаде дека бројот на новозаразени е зголемен за 4.281 лица, со што вкупниот број на инфицирани со новиот коронавирус изнесува 69.392 луѓе.
Во Турција досега од Ковид-19 излекувани се 5.674 луѓе, а во последните 24 ласа тестирани се 34.090 лица. ми/