• вторник, 24 декември 2024

Во Тунис собир за поддршка на претседателот Сајед

Во Тунис собир за поддршка на претседателот Сајед

Тунис, 19 мај 2024 (МИА) – Неколку стотици луѓе денеска се собраа во главниот град на Тунис во знак на поддршка на претседателот Каис Сајед, по неодамнешните апсења на новинари, адвокати и други дисиденти и јавни личности.

Меѓународната заедница ги осуди апсењата во Тунис. Пред неколку дена Обединети нации и Европска Унија бран апсења го оценија како незаконски, но Сајед секоја меѓународна критика ја нарече „мешање од странство“ и му нареди на Министерството за надворешни работи да ги покани на разговор амбасадорите на неколку земји.

Демонстрантите денеска носеа транспаренти со натпис „Нема странско мешање, бидејќи ние сме суверена држава“.

Туниското граѓанско општество го осуди неодамнешното задушување на владините критичари додека земјата се подготвува за претседателските избори оваа есен.

Изминатите денови беа уапсени неколку експерти, новинари, адвокати и претставници на граѓанското општество. Покрај тоа, околу 40 личности, меѓу кои и осум политички противници на Сајед, поранешни министри и бизнисмени, беа приведени како дел од истрагата за „заговор против државната безбедност“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан