• четврток, 26 декември 2024

Во тетовскиот ковид-центар за 24 часа имало 53 контролни прегледи, еден пациент починал

Во тетовскиот ковид-центар за 24 часа имало 53 контролни прегледи, еден пациент починал
Тетово, 22 септември 2021 (МИА) - Во ковид-центарот при тетовската клиничка болница во текот на 24 часа имало 53 контролни прегледи, од кои двајца се примени на болничко лекување. Тројца хоспитализирани пациенти се пуштени дома. Во изминатите 24 часа починал еден пациент, 61-годишно лице. Како што изјави д-р Миранда Пајазити, починатиот е примен во лоша состојба и тешка форма на болеста во терминална фаза. Тој не бил вакциниран, а Пајазити нема информации за претходната здравствена состојба. Од друга страна, бројот на хоспитализирани значително опаѓа деновиве. Сега има 23 хоспитализирани лица, сите со кислородна поддршка. - Од пациентите што ја преживеаја таа кобна ноќ во модуларната болница сите се добри и пуштени дома и имаме само уште двајца хоспитализирани, кои се во стабилна форма, но се третирааат како постковид-пациенти. Се надевам дека ќе бидат пуштени дома, изјави д-р Миранда Пајазити. На новинарско прашање дали има деца со Ковид-19 во тетовскиот регион, докторката вели дека на одделението за педијатрија има пациенти, но кај нив не е дијагностициран коронавирус. - Немаме информации дали во Скопје има деца пациенти од Тетово, позитивни на Ковид-19, но во педијатрија тука кај нас немаме деца кои се позитивни на Ковид-19 и се надеваме дека нема да имаме, рече д-р Пајазити. Според изјавата на д-р Миранда Пајазити, Клиничката болница нема добиено информации од Обвинителството околу пожарот на 8 септември. - Уште никој од нашиот персонал не бил во Јавното обвинителство да даде исказ. Оставено е на надлежните и ние сакаме да знаеме што се случило и чекаме да се расчисти, рече докторката. Според податоците на Институтот за јавно здравје во тетовскиот регион активно болни има 985 луѓе. Од почетокот на пандемијата 10 764 лица биле заболени, а починати се на 487 луѓе. ас/цр

Остани поврзан