• недела, 22 декември 2024

Во Тетово отворена ликовната изложба „Хрватска низ времето“

Во Тетово отворена ликовната изложба „Хрватска низ времето“

Тетово, 3 март 2023 (МИА) - Свечено отворање на ликовна изложба „Хрватска низ времето“ вечерва  во Уметничка Галерија во Тетово организираше Македонско - хрватско друштво (МХД) Тетово. Автори на делата се учесниците од ликовната работилница на м-р Славчо Максимовски.-Делата претставени вечерва, јасно изразувајќи го талентот на авторите, нивната посветеност и неспорната уметничка природност со сигурност ќе внесат новина во секојдневието а несомнено и ќе красат многу домови и простори правејќи ги ѕидовите повредни и поживи. Овие триесетина дела се вешт визуелен сведок за богатата и колоритна Хрватска, за различните културни правци, широчината на Јадранот и но и за способноста на нашите уметници од тука да ги овековечат различните традиции, симболи и значења, порача Марко Видачек од МХД Тетово.Амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ ја поздрави соработката меѓу двата народи и изрази воодушевување од умешноста на тетовските ученици да ја прикажат нејзината земја преку цртежи.

-Многу се радувам што сум вечерва тука, да ја видам оваа изложба на деца од 13-14 години од основните школи, што е импресивно, да се видат.  Убаво е да се видат слики со морски мотиви и со народни носии.  Ме радува МХД секогаш ги поврзува и македонските и хрватските уметници и наоѓа начин низ уметноста и културат дека соработка постои одамна и затоа хрватската амбасада со задовослтво ја поттикнува таа соработка, и на тој начин ја прикажува и заштитата на Хрватска за сограѓаните во други држави, изјави Нивес Тигањ.Од МХД Тетово потсетија на неколку важни настани и личности кога се во прашање Тетово и Хрватска.  -Пред нешто повеќе од 100 години, од ликовната академија во Прага, во 1919 во Тетово доаѓа дубровничкиот сликар Нико Миљан, како гимназиски професор. Од истата година датира и сликата насловена „Пазарен ден во Тетово“. За животот во Тетово, за тетовското маало Два Бреста и за градското средиште од 20-тите години на минатиот век, живописен и автентичен преглед добиваме и од двете објавени слики во бакрорез - на хрватскиот ликовен уметник Томислав Кризман.   Уште во 30-тите години, во Тетово како професор по цртање работи Јосип Бужан. Во 1930 година, тетовската јавност има ретка прилика да присуствува на изложба на познатиот хрватски сликар, Јозо Бужан, брат на тетовскиот професор Јосип. Во 1960-та година, во Тетово, вредна за споменување е изложбата на хрватскиот ликовен уметник, Звонимир Кечек, негова прва самостојна изложба, истакна Марко Видачек.

Организаторите потсетија дека Тетово е и родниот град на првата македонска вајарка Борка Аврамова, воедна и хрватска уметница, членка и на македонското и на хрватското здружение на ликовни уметници, која со мали прекини, речиси целиот свој животен век го поминува во Загреб.Ова е второ издание на ликовната работилница по првата во 2021 година. Изложбата  беше збогатена и со музичка интерпретација од страна на гитаристот Стефан Волчевски. ас/аа/

фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан