• понеделник, 23 декември 2024

Во Тетово денес ќе се дознае првакот во Првата женска фудбалска лига

Во Тетово денес ќе се дознае првакот во Првата женска фудбалска лига

Тетово, 31 мај 2023 (МИА) - ЖФК Љуботен Тетово и ЖФК Каменица Саса денес го играат првенствениот натпревар во рамки на последното 22. коло, по што ќе се дознае првакот во Првата македонска фудбалска лига за 2022/2023 сезона.  Домаќините од Тетово се на првата позиција со 53 бодови, додека Каменица Саса е со три бода помалку.  

 

ЖФК Љуботен со победа но и со нерешен резултат ќе го освои првенството и на тој начин ќе ја одбрани титулата од минатата година. Тоа воедно ќе значи и освојување на двете титули со оглед дека ЖФК Љуботен на 16 мај го освои Купот на Македонија.

 

Во финалето на Купот, тетовските фудбалерки токму со победа над Каменица Саса со 4:0 го освоија ова натпреварување.  Во првенството, на средбата во Македонска Каменица беше нерешено 1:1.

 

Натпреварот се игра денес од 17 часот на фудбалскиот терен на АМС на Спортскиот центар во Тетово.

 

ЖФК Љуботен има 53 бодови од 17 победи и два нерешени натпревари, додека Каменица Саса 16 победи, два нерешени дуели и еден пораз. ас/зс/

Остани поврзан