• среда, 25 декември 2024

Во Тенеси упасен маж поради обид да нападне енергетски објект со дрон

Во Тенеси упасен маж поради обид да нападне енергетски објект со дрон

Нешвил, 5 ноември 2024 (МИА) - Американското Министерство за правда соопшти дека федералните агенти го уапсиле Скајлер Филипи (24) од Тенеси, поврзан со групата бели националисти, кој се обидел да користи беспилотно летало натоварено со експлозив за да уништи енергетски објект во Нешвил.

Според судските документи, Филипи е обвинет дека планирал да прикачи неколку килограми експлозив Ц-4 на дрон и да го искористи за напад на трафостаница во Нешвил.

Неодамна откриените судски документи покажуваат дека во јули, Филипи наводно му рекол на доверлив извор, кој работел со ФБИ, дека сакал да нападне неколку трафостаници за да го „оневозможи системот“.

„Филипи ги истражуваше нападите на електричните трафостаници и заклучи дека нападите со огнено оружје нема да бидат доволни. Затоа, Филипи планирал да користи дрон со експлозив и да го насочи кон трафостаницата“, напишал во документите агентот на ФБИ, Анџело Дефео.

Филипи им кажал на агентите дека е поврзан со неколку бели националистички и екстремистички групи, вклучувајќи ја и Националната алијанса, која повикува на истребување на Евреите и другите раси.

Овие екстремистички групи се повеќе веруваат дека ќе ја нарушат земјата ако ја оневозможат енергетската мрежа, која вклучува повеќе од 6.400 електрани. Во саботата, Филипс и агентите отишле на локацијата во Нешвил каде што требаше да биде лансиран дронот. Меѓутоа, Филипи бил уапсен набргу по пристигнувањето на локацијата и ќе се појави на суд на 13 ноември. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан