• среда, 25 декември 2024

Во тек упис на ученици за основно музичко образование во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“-Штип

Во тек упис на ученици за основно музичко образование во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“-Штип

Штип, 26 август 2024 (МИА) - Во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ - Штип во тек се уписите на ученици во основното музичко училиште, кое иако не е задолжително, интересот е задоволителен, оцени денеска директорот на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, Горан Кавраков.

Посочи дека уписниот рок за основното музичко образование ќе трае до 31 август, а е започнат на 1 април годинава.

-Интересот е задоволителен, но сега работиме напорно. Нашите колеги и наставници се пуштени по сите основни училишта со презентации со лепење на плакати, со промоција на училиштето. Знате дека ова е незадолжително основно училиште, меѓутоа многу зависи и кај нас во нашата работа во распределбата на часови, многу зависиме од тие дечиња, вели Кавраков

Интересот кај новозапишаните дечиниња во музичкото училиште има за дувачката класа, но и кај сакасафон, гитара, хармоника и слично. Паралено на тоа сите дечиња кои сакаат да изучуваат основно музичко училиште освен изучување на инструменти, тие изучуваат и теорија на музика. Родителите потребните информации можат да ги добијат секој работен ден од 8 до 12 часот во училиштето, како и на телефонските броеви и на социјалните мрежи. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан