• сабота, 23 ноември 2024

Во тек на реализација целосна реконструкција на објектот на дебарската ТППЕ

Во тек на реализација целосна реконструкција на објектот на дебарската ТППЕ

Дебар, 5 јуни 2023 (МИА) – Во рамки на залагањата на општина Дeбар за подобрување на условите за работа на Територијалната противпожарна единица, интензивно се работи на реализацијата на проектот за целосна реконструкција на објектот каде што е сместена единицата.

-Објектот е изградена во 1953 година, кога почнал да функционира како противпожарен дом. Самиот факт што се работи на објект изграден пред седум децении јасно покажува во какви услови функционираше единицата. Со овој многу значаен зафат ќе биде сменет покривот, прозорците, вратите, електричната и водоводна инсталација, како и други активности, со што ќе се добијат потребните услови, вели градоначалникот Хекуран Дука.

Додава дека ова е овозможено со финансиски средства добиени од Центарот на југозападниот плански регион во програмата за енергетска ефикасност, вреден 80 илјади евра, а свој дел има и опшината.

 Тој не го крие задоволството од ефикасноста на единицата, но изразува незадоволство од соседните општини, каде истата интервенира но од каде не добива средства.

-Многу сум задоволен од ефикасноста на единицата и од посветеноста на 14 пожарникари. Но, сакам да го нагласам незадоволството кое го чувствуваме кон општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше во врска со неисплатата на средствата за единицата. Моментално само за 4 пожарникари платите ги покриваат централните институции, додека 10 директно од локалната власт. Двете општини до сега воопшто не партиципираат иако нашите пожарникари интервенираат и на нивна територија, додава Дука.

Според Командирот на ТППЕ, Џетан Мифтароски реконструкцијата на објектот, кој располага со седум простории и две гаражи има големо значење, бидејќи се добиваат потребните услови за работа.

-Што се однесува до бројот на интервенции, за пет месеци евидентирани се 25 интервенции, наспроти 63 во истиот период минатата година. Од вкупниот број 15 се на објекти, главно поради запалени оџаци, 5 се на отворен простор, тука влијание имаа и врнежите од дожд, една на сообрајќајно средство и четири технички интервенции, рече тој.

Додаде дека единицата располага со соодветен возен парк и добра опрема, што овозможува брза, навремена и успешна интервенција на подрачјето на општина Дебар, и општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше. вт/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан