• сабота, 05 октомври 2024

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започнала исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2024 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 октомври 2024 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа првата група за корисници чии презимиња почнуваат на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ на 4 октомври и за оние со почетна буква на презимињата М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш на 7 октомври. сст/дма/

фото МИА архива


    

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан