• среда, 27 ноември 2024

Во тек е Балканското првенство во одбојка на песок во Штип

Во тек е Балканското првенство во одбојка на песок во Штип

Штип, 15 јули 2023 (МИА) - Втор ден на натпреварите од Балканското првенство во одбојка на песок, чиј домаќин е градот Штип. Манифестацијата традиционално се одржува секоја година, а годинава организацијата е доделена на нашата држава. На Првенството се играат 32 натпревари во машка и женска конкуренција, кои ги судат локални судии. 

Големиот интерес за првенството го покажаа полните трибини во СЦ Џексон, од каде публиката верно ги следи натпреварите на одбојкарите од Србија, Романија, Косово, Турција и Македонија.

-Многу стари и познати одбојкарски имиња гледам на терените, меѓутоа и многу млади личности и токму целта на организацијата на вакви турнири е привлекување на млади лица коишто ќе ја засакаат одбојката и коишто ќе се активираат на спортските терени и ќе се занимаваат со спортски активности. Балканското првенство е една од тие убави можности, вели Никола Мицевски, меѓународен одбојкарски судија.

Свеченото отворање на Балканското првенство се случи вчеравечер, кога се одиграа два натпревара помеѓу репрезентациите на Турција и Србија.

Балканското првенство трае до утре, а финалните натпревари се очекува да бидат во 16:00 и 19:00 часот. Манифестацијата традиционално се одржува секоја година, а годинава организацијата е доделена на нашата држава. На Првенството се играат 32 натпревари во машка и женска конкуренција, кои ги судат локални судии.вдј/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан