• среда, 05 март 2025

Во тек активности за изградба на локалниот пат до Албанско маало во каменичкото село Тодоровци

Во тек активности за изградба на локалниот пат до Албанско маало во каменичкото село Тодоровци
Македонска Каменица, 18 јануари 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица продолжуваат активностите за подобрување на патната инфраструктура во селските средини. За таа цел, во тек се градежни работи за доградба на комуналната инфраструктура во село Тодоровци. - Во рамки на подготвителните работи за изградба на локалниот пат до Албанско маало во село Тодоровци, Јавното претпријатие „Камена Река“ пристапи кон поставување на подземна инсталација за премостување на веќе постоечките водоводни линии и изградба на повеќе нови атмосферски канали за одводнување, информираа од претпријатието. Претходно градоначалникот на Македонска Каменица изврши увид во текот на изградбата на асфалтниот пат до ова маало во село Тодоровци. Тој додаде дека од страна на фирмата-изведувач добил цврсти гаранции дека патот ќе биде завршен во предвидениот рок, односно најдоцна до април годинава. За во иднина, најави редица проекти чија реализација ќе започне во најкраток можен рок, а со цел подобрување на квалитетот на живот во општина Македонска Каменица. вс/мс/

Остани поврзан