• вторник, 24 декември 2024

Во Тексас затворање на баровите поради ширење на коронавирусот

Во Тексас затворање на баровите поради ширење на коронавирусот
Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА) - Гувернерот на Тексас, Грег Абот денеска нареди затворање на баровите од 12 часот по локално време по повторното ширење на коронавирусот во таа американска држава. - Јасно е дека бројот на заразени лица се зголемува поради овие активности. Граѓаните на Тексас се собираат по баровите, рече Абот и повика на почитување на мерките - носење маска и одржување физичка дистанца. Баровите и рестораните, кои претежно заработуваат со продажба на алкохолни пијалоци, ќе бидат затворени од денеска на пладне според локално време, а дозволени се достави до дома, како и набавка на пијалоци „за носење“. Абот, кој издаде указ за нови рестриктивни мерки, остави локалните власти да одлучат за ограничување на бројот на луѓе на собири. Во Тексас вчера се регистрирани 5.996 заразени со коронавирус и тоа е рекорден број за таа американска држава од почетокот на пандемијата. паг/

Остани поврзан