• сабота, 23 ноември 2024

Во Судан од колера во семптември починаа најмалку 430 лица

Во Судан од колера во семптември починаа најмалку 430 лица

Картум, 25 септември 2024 (МИА) - Повеќе од 430 луѓе починаа од колера во Судан во изминатиот месец, а над 14.000 беа заразени, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во соопштението се вели дека властите прават сè што можат „во услови на зголемување на бројот на заразени“.

Лекувањето во погодените области е многу комплицирано поради граѓанската војна во Судан, изјави специјалниот претставник на САД за Судан, Том Периело.

Организацијата „Лекари без граници“ извести дека нивната работа „редовно е попречувана од двете завојувани страни, па хуманитарниот одговор останува многу под потребното ниво“.

Колерата е болест што брзо се развива и е многу заразна. Може да предизвика дијареја, дехидрација и смрт. Според Светската здравствена организација (СЗО), релативно лесно се лекува, но потребно е тоа да се направи брзо.

Министерот за здравство Хаитам Мохамед Ибрахим прогласи епидемија на колера во средината на август.

Покрај војната, обилните дождови и поплавите придонесоа за епидемијата која се влоши поради гужвите во камповите за раселени лица.

Есперанса Сантос, координаторка на Лекари без граници за итни случаи во Судан, изјави дека овие елементи создадоа „совршена бура“ за ширење на колерата.

Во некои области, беше наредено затворање на училиштата, пазарите и продавниците за да се спречи ширењето на болеста.

Бремените жени и децата се меѓу најтешко погодените од колапсот на здравствениот систем, се вели во новиот извештај на Лекари без граници. ссм/

фото: архива

Остани поврзан