Во Струмица оштетен билборд на претседателскиот кандидат Бујар Османи
- Денеска околу 10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека со боја е оштетено рекламно пано-билборд на кандидатот за претседател, Бујар Османи, информираа од СВР Струмица.

Струмица, 22 април 2024 (МИА) - Денеска околу 10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека со боја е оштетено рекламно пано-билборд на кандидатот за претседател, Бујар Османи, информираа од СВР Струмица.
Билбордот е поставен во центарот на градот на крстосницата од улиците „4-ти Јули“ и „Ленинова“ во Струмица.
Во соопштението од полицијата се наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. рт/дма/
Фото: МИА