• сабота, 23 ноември 2024

Во Струмица вечер презентација на арехеолошките истражувања од брегот на Дојранското Езеро

Во Струмица вечер презентација на арехеолошките истражувања од брегот на Дојранското Езеро
Струмица, 24 септември 2021 (МИА) - Во амфитетарот во Градскиот парк во Струмица вечер ќе се презентираат резулатите од археолошките истражувања на праисториската наколна населба „Мрдаја“ во Дојран. Со археолошките ископувања од 2012 до 2014 година на локалитетот Мрдаја-Стар Дојран истражена e езерска наколна населба од доцната бронзена епоха, односно преодниот период помеѓу бронзеното и железното време, 1200-1000 година пред нашата ера. Вечер ќе биде презентиран и проектот за „Музеј на вода- наколна населба во водите на Дојранското Езеро“. Со него се предвидува да бидат изградени четири објекти поставени на платформи поврзани помеѓу себе со мовчиња, а објектите треба да бидат изведени целосно во праисториска традиција. На крајот ќе се прикаже и едукативно-документарниот филм за неолитското село „Тумба Маџари“ во Скопје и неолитот во земјава. рт/мс/

Остани поврзан