• недела, 22 декември 2024

Во Софија ќе се казнуваат возачите на автомобилите што го загадуваат воздухот

Во Софија ќе се казнуваат возачите на автомобилите што го загадуваат воздухот

Софија, 12 февруари 2020 (МИА) - Сообраќајната полиција во Софија почна со проверки на автомобилите и камионите кои го загадуваат воздухот во Софија.

Според експертите  60 отсто од загадувањето на воздухот е поради старите автомобили.

Возачите кои управуваат со неисправни автомобили, што испуштаат штетни гасови над дозволеното ќе бидат казнети.

На сообраќајната полиција и беа доделени пет уреди од Градската општина од кои три ќе се користат за сообраќајните канали, а два ќе се користат за патишта. ки/ми/

Остани поврзан