Во Собранието ќе биде доделена наградата „8 Септември“
- Покрај Костовски, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ денеска ќе им додели признанија за остварувања во областа на спортот и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.
Скопје, 7 септември 2024 (МИА) - Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски, е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“, што ќе биде доделена денеска на свеченост во Собранието.
Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.
Покрај Костовски, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе им додели признанија за остварувања во областа на спортот и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.
Наградите ќе бидат врачени во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија во 11 часот.ар/лв/
Фото: МИА архива