• понеделник, 20 јануари 2025

Во Собранието ќе биде доделена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Во Собранието ќе биде доделена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Скопје, 21 декември 2024 (МИА) - Во Кристалната сала во Собранието денеска ќе биде врачена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија.

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ државната награда за остварување во областа на публицистиката ќе им ја додели на Иван Антоновски и Делвина Крлуку, а за остварување во областа на новинарството на Атанас Костовски и Љупчо Јолевски. вј/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан