Во Собранието се интервјуираат кандидатите за член во Државната комисија за спречување корупција
- Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска спроведува јавно интервју со пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).
Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска спроведува јавно интервју со пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).
На јавна седница право на интервју стекнаа Антонија Андонова-Тасевска, дипломиран правник и магистер по казнено право од Гевгелија, Марија Китанов-Катралова, дипломиран економист и магистер по економски науки од Кавадарци, Владимир Клековски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Милка Муратовска од Струмица, дипломиран правник со положен правосуден испит, магистер по казнено право, и Борче Стојановски, дипломиран економист и магистер по деловна администрација од Скопје.

Презентирајќи ја својата програма, кандидатката Антонија Андонова-Тасевска истакна дека нејзината визија е ДКСК да се развие во силна, независна и професионална институција, која ќе биде кредибилен коректор и коректив на сите избрани и именувани лица и активен двигател на антикорупциските политики.
Во согласност со редоследот, на јавното интервју требаше да се појави кандидатката Марија Китанов-Катралова, но таа не присуствуваше на јавната седница и во согласност со правилникот нејзината пријава комисијата за селекција ја отфрли.
Работата на комисијата за селекција на пријавентите кандидат за член на ДКСК ќе продолжи по паузата, која е во тек.мт/вј/
Фото: принтскрин