• среда, 22 јануари 2025

Во Собранието дискусија за младинските предизвици и приоритети за 2025 година

Во Собранието дискусија за младинските предизвици и приоритети за 2025 година

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Клубот за младински прашања и политики при Собранието организираше прием и неформална дружба за дискусија на младинските предизвици и приоритети за 2025 година.

Како што соопштуваат од Собранието, на настанот се реферирало на активностите од 2024 година и се презентирале приоритетните области за работа на Клубот.

Оттаму дополнуваат дека учесниците биле охрабрени да ги споделат своите активности и предлози за младински политики, кои ќе бидат вклучени во планот за работа на Клубот. ар/бак/


Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан