• вторник, 24 декември 2024

Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав, на дневен ред Декларација за годишнината на НАТО

Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав, на дневен ред Декларација за годишнината на НАТО

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - Собранието денеска ќе ја започне последната нова седница во овој парламентарен состав. На предложениот дневен ред за 149. седница се тринаесет точки. По оваа седница закажани се и продолженија на 131-та, 135-та, 138-та, 145-та и 103-та седница.

Во рамки на новата 149. седница пратениците треба да ги разгледаат Предлог на декларација за одбележување на четвртата годишнина од членството на Република Северна Македонија во НАТО и Седумдесет и петтата годишнина од формирањето на Алијансата, Дополнетиот предлог на законoт за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, Дополнет предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, сите во второ читање и Предлог на автентичното толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање и Барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето, поднесено од пратеникот Лидија Тасевска, Дополнет предлог на закон за виното, второ читање, како и Предлог на закон за изменување на Законот за културата, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми, Предлог на закон за дополнување на Законот за спортот, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, сите по скратена постапка. 

На продолженијата на 131-та, 135-та, 138-та, 145-та и 103-та седница, меѓу другите, на дневен ред се и закони за кои е завршена расправата и за кои ќе треба само да се гласа.

Собранието неформално ќе ја прекине работата во пресрет на кампањата за претседателските избори на 24 април која почнува на 4 април, додека парламентарните избори се закажани за 8 мај. ев/мд/

ФОТО: МИА Архива 

 

 

 

Остани поврзан