• сабота, 23 ноември 2024

Во Скопје 513 нови случаи со Ковид-19, најмногу активни случаи во Аеродром

Во Скопје 513 нови случаи со Ковид-19, најмногу активни случаи во Аеродром
Скопје, 14 ноември 2020 (МИА) - Во изминатото деноноќие од 1168 новодијагостицирани со Ковид-19, 513 се во главниот град. Од починатите 18 лица, петмина биле од Скопје. Институтот за јавно здравје во гавниот град регистрира 394 оздравени лица, од вкупно 692 во земјата. Најмногу активни случаи со Ковид-19 има во скопската општина Аеродром 1256, потоа во Гази Баба 1151, во Карпош 1070, а следуваат Центар со 1028 и Кисела Вода со 1021, Ѓорче Петров 680, Чаир 500, Бутел 430, Илинден 199, Шуто Оризари 144, Сарај 108, Чучер Сандево 83, Петровец 82, Сопиште 59, Зелениково 54, Студеничани 41 и Арачиново -26. Активни се и 149 случаи на странци со Ковид-19, а 173 се нераспределени. По завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје. ев/

Остани поврзан