• недела, 28 јули 2024

Во Скопје 163 сообраќајни прекршоци, 24 за брзо возење

Во Скопје 163 сообраќајни прекршоци, 24 за брзо возење

Скопје, 25 април 2023 (МИА) - Во сообраќајните контроли вчера на територија на Град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции.

Од МВР денеска информираа дека од вкупниот број изречени казни, 17 се за возење без возачка дозвола, седум  санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.цр/са/

Фото:МИА

Остани поврзан