• среда, 25 декември 2024

Во Скопје се одржува конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија"

Во Скопје се одржува конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија

Скопје, 25 октомвсри 2023 (МИА) - Во организација на Македонското здружение за обновливи извори на енергија МАРЕС денеска се одржува конференција насловена „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија".

Енергетскиот сектор е еден од најзначителните сектори и е приоритет на Владата, истакна на отворањето на настанот министерот за економија, Крешник Бехтеши.

Тој додаде дека една од главните цели на Владата е инвестирање во зелена енергија.

-Само во рок од година и пол во нашата држава во мрежа имаме една третина од предвидените мегавати во Стратегијата за развој на енергија на Владата, нагласи Бехтеши.

Потенцираше дека денес во нашата државата над 170 илјади домаќинства се снабдуваат со зелена енергија.

Директорот Европската банка за обнова и развој ЕБРД, Фатих Тутменоглу, истакна дека ЕБРД го пронајде клучот на транзицијата на електричната енергија во приватниот сектор и токму затоа го поддржува МАРЕС.

Тој нагласи дека инвестирале и ќе продолжат да инвестираат во Република Македонија.

Според Стратегијата на Владата, до 2030 година треба да се реализира зелената транзиција, односно необновливите извори на енергија да се заменат со обновливи. Изразено во бројки, инсталиран капацитет од 1.000 мегавати треба да се замени со инсталиран капацитет од 4.000 мегавати, затоа што еден мегават од јаглен не е исто што и еден мегават од обновлив извор. Со цел побрза интеграција на оваа транзиција, осум инвеститори, со заедничко портфолио на инвестициите од околу 1 милијарда евра, формираа Македонско здружение за енергија од обновливи извори (МАРЕС). сан/ев/

ФОТО: МИА

Остани поврзан