Во Скопје меѓународна конференција за бизнис ангели
- Меѓународна конференција „Бизнис ангелите и претприемачки екосистем во Северна Македонија. Можности и предизвици“ денеска ќе се одржи во Скопје на која свое обраќање ќе има министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Меѓународна конференција „Бизнис ангелите и претприемачки екосистем во Северна Македонија. Можности и предизвици“ денеска ќе се одржи во Скопје на која свое обраќање ќе има министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Дурмиши ќе има свое излагање на панелот насловен „Истражување и практики за пристапот до инвестиции на бизнис ангели“ на кој ќе се обратат и првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и раководителот за соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава, Стефен Худолин.вј/мд/
Фото: Принтскрин