• недела, 22 декември 2024

Во Скопје казнети 52 возачи за брзо возење

Во Скопје казнети 52 возачи за брзо возење
Скопје, 13 јуни 2021 (МИА) - Полицијата денеска во периодот од 7 до 13 часот на подрачјето на Скопје спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани се 52 возачи, информира МВР. - Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан