• сабота, 23 ноември 2024

Изложба „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“

Изложба „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“

Скопје, 12 март 2023 (МИА) - Во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите денеска ќе биде отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“. Подготвена е од страна на Државниот архив на Северна Македонија во соработка со Институтот за национална историја од Скопје, а по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи. 

Изложбата се состои од 19 паноа на кои се прикажани над 200 фотографии и архивски документи од Државниот архив на РСМ и неговите подрачни одделенија во Скопје, Битола и Штип, од Музејот на Македонија, Заводот и музеј Штип, Еврејскиот историски музеј во Белград и Централниот државен архив во Софија. бд/бак/

Остани поврзан