Во сириското пристаниште Латакија стигна првата бродска пратка пченица по падот на Ал Асад
- Пратка од 6.600 тони пченица со брод пристигна во сириското пристаниште Латакија, што е прва ваква пратка по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад на 8 декември минатата година, соопшти денеска сириската влада.

Дамаск, 20 април 2025 (МИА) – Пратка од 6.600 тони пченица со брод пристигна во сириското пристаниште Латакија, што е прва ваква пратка по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад на 8 декември минатата година, соопшти денеска сириската влада.
Во соопштението се наведува дека увозот на пченица и други основни производи не подлежи на санкции на Соединетите Американски Држави и Обединетите нации.
Регионална трговска компанија соопшти пратката со пченица била испратена од Русија. јт/
Фото: Гугл мапи