• сабота, 23 ноември 2024

Во Сибир темературата на воздухот во јуни зголемена за 10 степени

Во Сибир темературата на воздухот во јуни зголемена за 10 степени
Брисел, 7 јули 2020 (МИА) - Температурите на воздухот во поголемиот дел од Сибир  во јуни се зголемени за 10 Целзиусови степени во споредба со минатите години, соопшти Мрежата за набљудување на климата на Европска Унија. Тоа е најтопол јуни до сега во Сибир, каде почвата е под мраз. На 21 јуни во близина на Верхојанск, североисточна Русија измерени се рекордни 37 степени. Високи температури во Сибир се регистрирани уште од јануари и во комбинација со малата влажност предизвикаа шумски пожари. И бројот и интензитетот на пожари во Сибир  и во делови од Алкаска во јуни се над просекот, што доведе од највисоки емисии на јаглерод диоксид - 59 милиони тони. ми/

Остани поврзан