• вторник, 24 декември 2024

Во северозападниот дел на Грција регистрирани 9.920 молњи

Во северозападниот дел на Грција регистрирани 9.920 молњи
Атина, 6 август 2020 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден, до попладневните часови во северозападниот дел на Грција биле регистрирани 9.920 молњи од кои речиси 7.000 над морето, според податоците на системот за следење и регистрација на молњи на Националната опсерваторија во Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Невремето „Таља“ што од вчера ја зафати Грција, резултираше со силни и обилни врнежи од дожд во Јонското море и во северниот дел на земјата. На островот Крф, за околу 90 минути наврнале 69 милиметри вода.ср/

Тагови

Остани поврзан