• недела, 22 декември 2024

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности
Њујорк, 1 март 2022 (МИА) - Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности, а 178 земји се уште имаат правни пречки кои го спречуваат нивното целосно економско учество, се вели во извештајот на Светска банка. Во 86 земји жените се соочуваат со некаква форма на ограничување на работата, додека 95 земји не гарантираат еднаква плата за иста работа. „Глобално, жените се уште имаат само три четвртини од законските права што им се дадени на мажите. Сепак, и покрај глобалната пандемија која несразмерно влијае на животот и егзистенцијата на жените, 23 земји ги реформираа своите закони во 2021 година за да ги преземат многу потребните чекори кон унапредување на економското вклучување на жените“, се вели во извештајот. Директорката за развој и партнерство на Светската банка, Мари Пангесту рече дека јазот меѓу очекуваните заработувачки на мажите и жените за време на нивниот работен век на глобално ниво е 172 милијарди долари, што е речиси двојно повеќе од годишниот светски бруто домашен производ (БДП). Како што е наведено, регионите на Блискиот Исток и Северна и Субсахарска Африка покажаа најголеми подобрувања во 2021 година, иако тие се уште „заостануваат зад другите делови на светот во целина“. паг/

Остани поврзан